Овие па викаат дека бананите треба да се избегнуваат за појадок. Никако не си!

СПОДЕЛЕТЕ

Нутриционистите се согласуваат: Бананите се најлошата храна што можете да ја одберете за појадок. Зошто е тоа така? Еве ги сите детали…

Време е за појадок, се обидувате да бидете здрави и одбирате овошје. Бананите секако се наоѓаат на самиот врв на изборот. Овие жолти плодови обезбедуваат енергија, ве заситуваат и здрави се. Благодарение на високата содржина на калиум и магнезиум, бананите се добри за срцето и мускулите и исто така имаат високо ниво на витамин Б6, што е важно за нашиот нервен и имунолошки систем.

Но, ако бананите се толку здрави, зошто не смееме да ги имаме за појадок?
“Бананите се најлошиот избор за појадок”, предупредува нутриционистката dr. Daryl Gioffre, пронаоѓач на “Alka Mind на исхрана”, во интервју за Byrdie. Причината за ова е нивната висока содржина на фруктоза.
Бананата изгледа како совршена опција за брза закуска наутро, но гледајќи поблиску, ова овошје не е најдобриот избор, бидејќи има 25 отсто шеќер и умерена киселост.

Фруктозата предизвикува брзо зголемување на инсулинот. По брзиот раст, многу брзо и паѓа, а резултат на тоа е желбата за храна, тешкотии во концентрацијата и замор. Високата содржина на шеќер исто така ферментира во телото, со што се забавува дигестијата.

За да се избегне овој негативен ефект, експертите советуваат да јадете банани во комбинација со добри масти. Најдобри масти се јогурт, сирење, бадеми, кокосов путер, кокосово масло, чиа семе, ленено масло, цимет и куркума. Само со додавање на масти, телото може да ги подели хранливите состојки на бананата, нивоата на инсулин остануваат постојано ниски и не доаѓа до желба за храна или замор.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ