Излечи главоболка без апче

СПОДЕЛЕТЕ

Дали поради стрес и замор или поради настинка, главоболката се појавува многу често и нè измачува. Следниот пат, пред да започнете да барате апче, пробајте да ја отстраните на некој од следните начини:

Напијте се едно силно кафе (турско или еспресо), во кое што ќе исцедите еден лимон.

Турско кафе со лимон може да ви помогне да ја отстраните главоболката.

Ставете една супена лажица кантарион во 250ml вода. Откако ќе поминат 15 минути, прецедете ја течноста и пијте ја три пати на ден.
Во 500ml врела вода ставете една лажица сушени лисја од нане. По 30 минути исцедете ја течноста и пијте ја три пати на ден.
Исцедете сок од три кисели јаболка и во него додајте една лажица мед. Испијте го нагладно.
Лисјата од гинко билоба се популарен лек за главоболка. Тие го подобруваат крвотокот и со тоа помагаат повеќе кислород да достигне до мозокот.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ