Сѐ за проширените вени и капилари. Последици и лечење

СПОДЕЛЕТЕ

„Тежина и грчеви во нозете, отоци, тапа болка, чувство на трнење и јадеж, се првите знаци дека нешто не е во ред со крвотокот во нашите вени.

Првичните проблеми со проширени вени доколку не се третираат можат да доведат до натамошни последици. Иако проблемите со вените обично се наследни, односно во семејствата во кои и двата родители се соочувале со проширени вени, во 80% случаи истиот проблем ќе се појави и кај нивните деца, сепак нарушувањето во венската циркулација може да се спречи и навремено да се третира само со правилно избрани методи и препарати“, потенцира доктор Христина Лескароска.

45% од Mакедонките се сочуваат со проширени вени и капилари на возраст од 30 до 75 години покажа последното истражување на Натусана Македонија. Само мал дел од испитаниците се мажи и тоа 5 отсто, кои не се грижат за проблемот. Натусана го спроведе истражувањето со цел да добие целосна претстава за потребата од превенција и навремено дијагностицирање на проширени вени и капилари.

„Генерално Mакедонците се обидуваат да се грижат за својот изглед, тоа е факт што нѐ радува. Сепак загружувачки е висока бројката од 45% со ваков проблем и отсуството на свесност кај машката популација за проблемот со микроциркулација. Ова истражување ни даде точни и прецизни насоки каде треба да се движиме и како да пристапиме за добра и ефективна едукација и информирање на граѓаните“, изјави Александар Донев, менаџерот на Натусана генералниот дистрибутер на Dr. Theiss во Македонија.

Резултатите од анкетата покажаа дека само 15% се запознаени со фактот дека проширените капилари можат да се појават и без проширени вени, додека 25% од испитаниците се информирани какви проблеми може да имаат со нозете доколку не се изврши навремено дијагностицирање.

„Убавината и здравиот изглед на нозете треба да важни за секој од нас, затоа и третирањето треба да биде добро избрано. Тука е предноста на Микро-Венен балсамот, правен е од селектирани природни состојки како екстракти од семки од див костен, од лист од винова лоза, етерично масло од планински бор кои пак имаат исцелителни ефекти врз виталноста и цврстината на површинските капилари”, додаде менаџерот Донев.

Сепак, докторите констатираат дека проблемите со проширени површински капилари се наследни, кои ги напаѓаат најчесто жените но и мажите. Како причина за појава на отоци се топлото време, долгото стоење, тесните обувки.

„Тежина и грчеви во нозете, отоци, тапа болка, чувство на трнење и јадеж, се првите знаци дека нешто не е во ред со крвотокот во нашите вени. Првичните проблеми со проширени вени доколку не се третираат можат да доведат до натамошни последици. Иако проблемите со вените обично се наследни, односно во семејствата во кои и двата родители се соочувале со проширени вени, во 80% случаи истиот проблем ќе се појави и кај нивните деца, сепак нарушувањето во венската циркулација може да се спречи и навремено да се третира само со правилно избрани методи и препарати“, потенцира доктор Христина Лескароска.

„Во два чекора за поубави нозе“ беше тримесечна едукативната кампања на светскиот бренд Доктор Тајс за превенција од проширени вени и капилари кои како се почест проблем се појавуваат кај младите девојки и повозрасните. Кампањата се одржа ова лето во Охрид и Скопје, и беа опфатени 1.200 лица кои се соочуваат со овој пред сѐ здравствен но и естетски проблем.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ