Природни маски за нега на лице

СПОДЕЛЕТЕ

Природната нега на кожата е далеку побезбедна, поефтина и подостапна за употреба. Најчесто е потребно да одвоите само неколку минути и да направите хранлива маска за нега на лицето.

Пилинзи (ги отстрануваат старите клетки, ја поттикнуваат регенерацијата на кожата, ја чистат кожата и ја прават да изгледа сјајно и свежо.)
– За кожата да има сјај , се меша лажица масло од ружа со лажица морска сол. Се масира нежно лицето и вратот за да се отстранат мртвите клетки.

– Пола лажица палента се меша со 2 лажици јогурт за да се добие густа каша. Лицето измијте го со млака вода и нанесете го пилингот на лицето и вратот. Масирајте со кружни движења околу 5 минути. Ако имате проблематична т-зона, повеќе внимание обрнете на неа. Потоа, оставете пилингот да дејствува уште 5 минути и измијте со млака вода, убаво и детално.

– Сок од еден лимон измешајте со 2 лажици шеќер и масирајте го лицето нежно со прстите и не притискајте премногу.Пилингот правете го 2-3 минути и исплакнете со млака, па со ладна вода. Доколку имате многу осетлива кожа, не го практикувајте овој пилинг на лицето повеќе од еднаш месечно.

На нормалната кожа и е потребно пилинг еднаш неделно, на мрсна кожа два пати неделно, а на сува и осетливна кожа доволен е пилинг еднаш во две недели или еднаш месечно.

Маски за лице

Универзална маска:

– Во една излупена и изрендана јаболка додајте 1/2 лажица јогурт, 1 голема лажица мед, а лажица овес, 1/2 лажица цимет. Гмечете со вилушка додека не добиете пире и потоа нанесете на лице. Оставете да делува 10 минути и змијте со топла, па со ладна вода.

Маска за сува кожа на лице:

– Испасирајте една банана со една лажица мед. Нанесете на лице и оставете ја 20 минути, потоа исплакнете со ладна вода.

– Во една лажица палента додајте две лажици маслиново масло. Убаво измешајте и нанесете на лице, нека делува 20 минути. Измијте со млака вода.

– Измешајте по една лажица какао, мед и млеко. Маската нанесете ја на лице и држете ја 15 минути. Исплакнете со млака вода, па со ладна. Оваа маска и ја враќа влагата на кожата.

Маска за масна кожа на лице:

– Испасирајте една јаболка со 5 лажици мед. Нанесете на лице и оставете ја 20 минути, потоа исплакнете со ладна вода.

Маска за затегнување на лице :

– Изматете една жолчка со една лажица палента. Нанесете ја на лице, па кога ќе се исуши, благо протријте со пешкир и измијте се со млака вода. Ова е истовремено пилинг, масажа и маска, одлична е како маска за масна кожа на лице.

– Ако сакате вашето лице да биде затегнато, измешајте половина кесичка пекарски квасец со 4 лажици млеко. Нанесете ја на лице и оставете да делува 30 минути, потоа исплакнете со млака, па со ладна вода. Оваа маска освен што го затегнува вашето лице, таа и ја збогатува кожата со витамини од Б група.

Освежителни маски за лице:

– Исцедете сок од еден голем домат и помешајте го со 2 лажици јогурт. Нанесете ја мешавината на лице и оставете да делува 10-15 минути, потоа исплакнете со млака вода. Оваа маска е добра и за тие што имаат проблем со акни.

– Излупете една краставица и исецкајте ја на кругови. Нанесете ги круговите на лицето и оставете ги 30 минути. Не го мијте лицето, затоа што сокот од краставица е подобар од обичната вода. Маската делува освежително, ја храни кожата и и дава мекост и иеластичност.

Маска против брчки:

– Половина голема банана изгмечете ја со вилушка, додајте една лажица хопла (по можност не многу масна) и една лажица мед. Добро измешајте со миксер и нанесете ја на лицето и вратот. Оставете да делува 20 минути потоа исплакнете со топла вода.

– Една жолчка од јајце измешајте со сок од половина лимон. Нанесете на лице и оставете да дејствува 20 минути. Отстранете ја маската со памук натопен во топло млеко.

– Изрендајте една јаболка и исцедете го сокот од неа. Со него мачкајте го исчистеното лице, вратот и деколтето. После 20 минути исплакнете со млака вода и нанесете крем за секојдневна употреба. После извесен период тенот станува посвеж, кожата затегната, а брчките помалку видливи.

– Исцедете сок од еден лимон и додајте млака вода. Два пати дневно натопете ги прстите и ставете на брчките. Оставете да делува по 5 минути и потоа исплакнете со ладна вода.

– Излупете и изрендајте еден компир. Оваа смеса без никакви додатоци нанесете ја на лице. Држете 20 минути, а после тоа исплакнете со млака вода. Ова е многу едноставна природна маска која ќе и ја врати влажноста на кожата. Содржи витамин Е и Ц и така го спречува настанувањето на брчи и стареење на кожата.

Маска против дамки/флеки:

– Убаво измијте еден лимон и изрендајте една лажица од кората. Додајте една лажичка овес, една жолчка од јајце, една лажица мед и една лажица млеко. Добиената смеса нанесете ја на лице и држете ја 15-20 мин. Исплакнете со млака вода.

Лосион против акни:

– Измешајте сок од еден лимон, една лажица мед и 200 мл вода. Нанесувајте од оваа смеса неколку пати на ден врз акните.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ