Пожарникарите во ЕУ ќе бидат платени и за времето кога се дома

Судејќи по најновите случувања, пожарникарите во ЕУ во иднина ќе бидат платени и за времето што го поминуваат дома, но на готовс, спремни да одговорат на секој итен повик, пренесува BBC.

Имено, Европскиот суд на правдата, во случајот со белгискиот пожарникар кој бараше да биде платен за својата достапност, пресуди во негова корист.

Руди Матзак добил дозвола да биде дома додека е во приправност, но со тоа што мора да е подготвен за реакција во рок од 8 минути. Европскиот суд одлучи дека во тој случај се работи за работна обврска, т.е. тоа време му се смета за работно време, за кое мора да биде платен. Пресудата може да има импакт и врз други слични случаи, ама и професии, барем тие што подразбираат „висење на закачалка“ дури и кога не сте физички на работа.

Судот смета дека и покрај тоа што е дома, Матзак фактички е „на работа“, бидејќи времето за реакција е прекратко за тој да може „да се посвети на лични или друштвени интереси“. Судот заклучува дека тој не само што мора да се јави на повик, туку и мора да замине до местото на пожарот, што значи дека од него се бара и физичко присуство, а не само одговор на телефон или достапност за контакт.

Случајот првпат стигнал на суд во 2009-та, а пред Европскиот суд на правдата дошол во 2015-та година.

Ова е уште еден доказ дека ЕУ (главно) ги почитува правата на своите работници.

- Реклама -