Олимпијката што скијаше без да направи ниту еден трик

СПОДЕЛЕТЕ

Колку и да не ја следите Олимпијадата во Пјонгчанг, ако на телевизија го фатевте фристајл ски возењето на Elizabeth Swaney во халфпајп, неизбежно ќе ви фатеше око.

Не затоа што беше импресивна, туку напротив – затоа што делуваше крајно мрзливо и медиокритетно и практично не направи ниту еден трик.

И коментаторите го коментираа го коментираа возењето соодветно, како да коментираат шах, без нималку возбуда. На прашањето на едниот – што може да понуди Елизабет во Пјонгчанг, другиот одговори со „не многу“. Потоа се обидоа да ја извадат со тоа што објаснија дека и да не паднеш е успех.

А еве што прават другите нејзини конкуренти на халфпајп:

Од целиов муабет веројатно добивате впечаток дека Елизабет и не е некој олимпиец, туку „ обичен смртник“ што некако догурал до Олимпијада. И не сте далеку од вистината.

Елизабет има 33 години и на Игрите ја претставува Унгарија. Се квалификувала за ЗОИ така што го изиграла системот; се натпреварувала само на светски настани во кои учествувале помалку од 30 натпреварувачи, и на секој од тие натпревари имала една единствена мисија – да не падне. За трикови не ни помислувала (додуша ќе видите дека прави едно или две одвај забележливи свртувања). Во декември, на пример, Елизабет мудро и тактички присуствувала на халфпајп настан во Кина, додека посериозните конкуренти се натпреварувале на друг натпревар во Колорадо.

Снимката од нејзината трка веќе е вирална. Елизабет заврши далеку зад „последниот“ по бројот на бодови. На социјалните мрежи ја реметат дека појма немала од скијање. Сепак, разликата меѓу неа и нас? Таа заврши на Олимпијада.

- Реклама -