Најскапата маргарита на светот ја чуваат телохранители

СПОДЕЛЕТЕ

22 февруари е Светски ден на маргаритата. По тој повод, мексиканскиот ресторан „Cantina Laredo“ во Лондон ја направи најскапата маргарита на светот.

Една чаша од коктелот чини над 69.000 долари. Се работи за мешавина од две текили – 1800 Colección и Jose Cuervo Platino, кои чинат по 3.000 евра. Наместо лимета, оваа маргарита содржи сок од бел ананас и хибрид на лимета кој во Австралија е познат како „кавијар од лимета“.

Ако ја порачате, келнерот ќе ви ја сервира во придружба на двајца телохранители. А и како нема, кога во средината на коктелот има 4.1-каратен дијамант.

- Реклама -