Свадба на 120 метри во воздух, на јажиња

СПОДЕЛЕТЕ

Викаат свадба било стресно. А свадба на 120 метри во воздух, на јажиња?

За Рајан Џенкинс и Кимберли Веглин можеби не. Тие се венчале над пустината Моаб, Јута. Ем се вљубеници во екстремни спортови, ем таму се сретнале, ем таму се вериле.

Со други зборови, за нив немало смисла да прават свадба НЕ на јажиња. Ама за другите околу нив… Сé ќе ви каже троа подмрзнатата фаца на кумата. Или тоа што старосватиците се сликани на карпа (читај: безбедно тло што не ти се ниша под нозете).

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ