Кога Илон Маск се расплака зашто Нил Армстронг не го поддржува

СПОДЕЛЕТЕ

Нил Армстронг е првиот човек што стапна на Месечината. Илон Маск планира да биде првиот човек што ќе стапне на Марс (макар и фигуративно). Нормално дека овој првиот – Армстронг ќе му биде идол.

Маск сака да го комерцијализира вселенското патување и да го направи достапно речиси за сите. Арно ама, уште од самиот почеток наидуваше на остри критики. Дури и во поново време, кога SpaceX на Илон Маск доби договор вреден 1.6 милијарди долари од НАСА, Нил Армстронг и Јуџин Сернан (командир на Аполо 17) жестоко ја критикуваа таа комерцијализација. Во нивното сведочење пред Конгресот, тие ја обвинија администрацијата на Обама дека со соработката со неискусни компании како SpaceX на Илон Маск, американската влада всушност ја компромитира безбедноста, и дека тоа на крајот ќе се одрази врз даночните обврзници.

Во интервјуво во продолжение (некаде околу 11 минута и 8 секунди), го прашуваат Маск како се чувствува околу тоа што ја нема поддршката од своите идоли. Беше тоа време кога таквото прашање лесно можеше да го расплаче. Сигурно и ден денес боли, но денес Маск има многу повеќе аргументи на своја страна. Сеедно, погледнете ја реакцијата:

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ