Денес е најдепресивниот ден во годината, наводно

Ако денес се чувствувате посебно нерасположено и немате мотивација, не сте сами. Вие барем можеби имате реална причина, за разлика од многу други. Според дел од експертите, се работи за феноменот „Blue Monday“ („Тажен понеделник“) – т.е. најдепресивниот ден во годината.

„Blue Monday“ е прв пат дефиниран од психологот Клиф Арнал. Со примена на формулата:

[W + (D-d)] x Tq ÷ [M x Na]

… Арнал заклучил дека третиот понеделник во јануари е најдепресивниот ден во годината. Во равенката W претставува временски (не)прилики, D претставува долг (колку должите), d e месечната заработка, T е времето изминато од Божиќ, Q е времето изминато по сите наши пропаднати обиди нешто да направиме/промениме, M е ниското ниво на мотивација, а NA е потребата за преземање акција.

Според статистиките, јануари е и месецот во кој најмногу луѓе се разведуваат, а и месецот во кој на Твитер се објавени најмногу негативни пораки.

Арно ама, професорката Јоланта Бурк од Универзитетот Источен Лондон, смета дека тажниот понеделник е депресивен само поради верувањето дека тажниот понеделник е депресивен.

„Мислејќи дека денес е најлошиот ден во годината, посветуваме повеќе внимание на негативните нешта околу нас. Кога веќе се работи за ден  тоа е ден кој негативно ќе влијае на вашето размислување, емоции и однесување, тогаш зошто да не ја искористите предноста и го претворите во среќен ден?“, прашува Бурк. „Наместо да посветувате внимание на лошите нешта, бидете свесни за добрите нешта кои ви се случуваат вас и на тие околу вас“… Ионака се сведува на тоа дека од главата си патиме, макар постоела и математичка формула.

 

- Реклама -