Сé што ќе се случи, ќе се случи прво таму

СПОДЕЛЕТЕ

Niaqornat е село на крајот на светот. Таму владее зима, месеци исполнети со мрак, па месеци со бескраен ден.

Во тоа гренландско село, секое утро еден ќе видите маж како ги собира кантите полни со фекалии на своите соседи. Ги товари во количка и ги носи до депонијата посебно предвидена за таа намена.

Тоа го прави зашто Niaqornat нема канализација. Напротив, инфраструктурата е толку минимална, што жителите кои одат на работа тоа го прават со хеликоптер чиј сопственик има договор со владата за обавување на таа професија. Намирници се доставуваат повремено, со брод.

Како на друга планета

Во Niaqornat има само еден тинејџер. Се забавува на Google Earth, слуша гренландски рап и размислува за самоубиство. Од досада резба tupilaq-си (традиционални дрвени резбарии на чудовишта, со кои некогаш се служеле шаманите).

Освен со дрворез, Ларс не е нешто посебно заинтересиран за одржување на традицијата. Некои, за неговиот немир го обвинуваат интернетот кој „го завел со сетоа она што не може да го има на островот“.

А меѓу малкуте нешта што ги има на островот е и тоа низ кое поминуваат сите 59 инуитски жители (како што самите се нарекуваат Ескимите) – неколкумесечен „бесконечен“ мрак, па потоа и неколкумесечен „бесконечен“ ден.

Толку се изолирани од светот, што човек автоматски претпоставува дека животот им е релативно едноставен. Меѓутоа, модерноста на другите полека ги стигнува и нив. Не самата модерност, туку последиците.

Тоа што ќе му се случи на светов, ќе се случи прво таму

Социо-економските проблеми кои го погодуваат Гренланд во целина, како високата невработеност и стапката на самоубиства меѓу младите луѓе – имаат огромно влијание врз животот.

Во меѓувреме, климатските промени за локалните од Niaqornat не се некое далечно „ќе“, туку реалност во која веќе живеат. Ледената покривка на Грендланд се топи, а тоа директно влијае на нивниот лов, но и воопшто на начинот на живот.

„Тоа што ќе му се случи на светот, прво ќе се случи на Арктикот“ – гласи старото верување според кое Гренланд го има стекнато на барометар за светот. Во случајов со климатските промени, вистинитоста уште на тврдењето уште еднаш се потврдува.

Минатата година Сара Гаврон и Давид Казнелсон снимија документарец за Niaqornat кој верно го прикажува судирот на старото и новото, како и борбата со климатските промени.

„Еден од најголемите удари за Niaqornat беше затворањето на рибната фабрика, која беше клучна за животот на луѓето овде. Овие села опстојуваат во живот главно со државна помош, бидејќи барањата за одржување се ужасно скапи. Но, ако популацијата им опадне, државните средства се укинуваат. Тоа е магичен круг“, објаснува режисерката Гаврон околу парите што стигнуваат од Данска.

Во 2009 година, Niaqornat го извлече подебелиот крај и од европскиот закон за забрана на трговија со производи од фоки.

Инцестуално сродство

Во документарецот ќе видите и турист кој од бродот за посета дофрла коментар дека мнозинството од жителите на Niaqornat се производ на таканаречен inbreeding, т.е. инцестуално мешање на роднини. Значајната генетска поврзаност вродува со многу аномалии.

Тоа е и прашање кое „луѓето од надвор“ често го поставуваат, со оглед дека Niaqornat е така мала заедница. Искрено речено, во селото живеат две големи семејства и уште неколку „екстра“ луѓе кои не се роднини. За запознавање на потенцијални партнери се оди во други места.

Во случајот со младиот Ларс тоа е голем проблем. Ларс мора да помине далечен пат само за да запознае девојка. Не е ни чудо што е депресивен.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ