Хрватски генерал испи отров за да избеге хашка пресуда (видео)

СПОДЕЛЕТЕ

Апелациониот суд на Хашкиот трибунал ја отфрли жалбата и му ја потврди пресудата од 20 години затвор на поранешниот началник на HVO (Хрватскиот совет за одбрана – највисокo извршнo и административно тело на Хрватска Република Херцег-Босна и главната вооружена сила на Хрватите во Босна и Херцеговина за време на војната во Босна и Херцеговина).

Уште додека преведувачката ја завршуваше речницата, осудениот во знак на протест извика: „Слободан Праљак не е воен злосторник, и со презир ја отфрлам вашата пресуда!“, по што подигна мало шишенце и се напи некаква течност.

По кратката збунетост на фаците, судијата продолжи да чита пресуди, сé додека во позадина не се слушна како Праљак ѝ кажува на адвокатката дека испил отров.

Според информациите на хрватските медиуми, подоцна било забележано амбулантно возило како ја напушта зградата на судот. Во меѓувреме имаше многу шпекулации, но хрватските медиуми неслужбено дознаваат дека Праљак починал во болница.

 

- Реклама -