Едно убиено и едно повредено лице во Чаир

СПОДЕЛЕТЕ

Во оружена престрелка што се случила синоќа околу 22:30 часот во скопската населба Чаир едно лице е починато, а едно е тешко повредено.

Според информациите од МВР, настанот се случил вчера околу 22:30 часот, кога имало пукање од огнено оружје.

На лице место починало едно лице од Блаце, додека повредено е уште едно лице, кое живее во близина на местото каде се случил инцидентот.

Поради тешките повреди, ранетиот е итно пренесен во болница.

- Реклама -