Зенит на дисциплинска поради политички транспаренти на мечот зо Вардар

Зенит е предаден на Дисциплинската комисија на УЕФА поради вадењето на  транспарент со политичка содржина на синоќешниот натпревар против Вардар во Санкт Петербург од Лигата на Европа.

Навивачите на Зенит на мечот се појавија со транспарент со поддршка на поранешниот српски генерал на војската на Југославија, Ратко Младиќ кој беше осуден со доживотна робија за воени злосторства во БиХ.

На транспарентот пишуваше „Ратко Младиќ – херој на Србија!“. Делегатот на натпреварот го забелешал овој момент како спорен поради што против Зенит е покрената дисциплинска постапка.

Вчера и навивачите на Партизан, на мечот со Јанг Бојс се појавија со транспарент за поддршка на Младиќ, но, за разлика од навивачите на Зенит овој беше во нешто завиена форма, најверојатно поради молбите од раководството на Партизан да не се истакнуваат спорни транспаренти.

„И’ благодариме на твојата мајка“ – напишаа „Гробарите“ очигледно насочувајќи ја благодарноста кон Ратко Младиќ.

- Реклама -