Јане Велковски во сторијата на УЕФА: Сите на светот можат да играат фудбал

Јане има 9 години и обожава да игра и гледа фудбал. Кога игра фудбал, заборава на се’. Вели дека гледањето фудбал му буди среќни чувства.

Боледува од спинална болест на мускулите и се помага со електомоторна количка. Може да го предводи тимот, да биде капитен.

Вели дека има беспрекорна поддршка од фамилијата, тие му помагаат да го добие лекот и да стане светски познат фудбалер како Роналдо.

„Сите на светот можат да играат фудбал, само треба да бидат еднакви и да се почитуваат“

Ние навиваме за тебе Јане, ти си нашата инспирација.

Ова беше Јане Велковски од Македонија, за проектот #EqualGame

Инаку проектот #EqualGame е поддржан од УЕФА.

- Реклама -