Нападнат возач на автобус на ЈСП

СПОДЕЛЕТЕ

33-годишно лице од Скопје нападнало возач на автобус на ЈСП со палка, на улицата „Народни херои“ во Скопје.

Претходно, 33-годишникот кој управувал возило му го пресекол патот на автобусот со број 24, излегол од автомобилот, искршил прозорци од автобусот и со палка го нападнал возачот, нанесувајќи му неколку удари во пределот на главата.

Од страна на полициски службеници осомничениот, со иницијали Д.А. бил лишен од слобода и приведен во ПС-Кисела Вода за понатамошна постапка.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ