Кога Дел Пјеро ги тресеше мрежите

Минатата недела Италија не успеа да се пласира на СП. Тоа ретко и’ се случува на репрезентација од таков тип.

Години наназад просто беше незамисливо Италија да не стаса до финалната фаза од највисоките натпреварувања.

Не само на репрезентативно, туку и на клупско ниво, легендите од типот на Алесандро Дел Пјиеро, Виери, Дел Векио, Инзаги, Тоти, Малдини, Пирло, па и  многуте странци за кои Италија тогаш претставуваше најпосакувана дестинација, како Роналдо, Батистута, Занети, Шевченко… ни го правеа Италијанското првенство незаборавно.

Секој викенд нацртани пред телевизор, упалено на Телма се чека некое сериозно дерби.

Еве еден краток миг за потсетување на велемајсторот од тоа време.

Прекрасниот гол на Дел Пјеро во 87-тата минута против Фиорентина.

&

- Реклама -