Нигерија: Бомбаш-самоубиец уби 50 лица

СПОДЕЛЕТЕ

Во градот Муби во североисточна Нигерија бомбаш-самоубиец се разнел во џамија, убивајќи уште најмалку 50 лица, потврдиле локалните власти.

Точниот број на повредени лица уште не се знае, бидејќи голем дел од нив веднаш биле однесени со приватни возила во околните болници.

Според досегашните информации со кои располагаат медиумите, бомбата ја активирал тинејџер кој се разнел за време на утринската молитва.

Одговорност за нападот досега не презел никој, но сомнежот е врз терористичката група Боко Харам кои и претходно извеле слични напади.

- Реклама -