Осумдесет отсто од адаптираното млеко за бебиња содржи арсен

Поголемиот број од прехранбените производи за деца содржат опасни хемикалии, предупредува новата студија на непрофитната организација “The Label Clean Project”. Во тестираните производи се пронајдени арсен, олово, кадмиум и акриламид.

Американските научници анализирале 530 различни грицки, житарици и напитоци кои биле купени во последните пет месеци. Научниците откриле дека производите содржеле дури 65 отсто арсен, 58 отсто кадмиум, 36 отсто олово и 10 отсто акриламид, пренесува Independent.

Први симптоми кои се јавуваат при труење со арсен се главоболка, конфузија, тешка дијареа и поспаност. Краен резултат од труењето со арсен е кома и смрт.

Арсен е 20-тиот елемент по застапеност во земјината кора и со векови бил познат како корисна супстанца со многу потенцијални начини на примена, но и како исклучително силен отров, кој е токсичен за сите животни, од инсекти до луѓе.

Во телото арсенот може да влезе или со голтање или со вдишување, а преминува и низ плацентата. Ги напаѓа сите органи, бидејќи е силен анти-метаболит, механизам на делување му е замена на фосфатните молекули во комплексот ATP (аденозин три-фосфат). Арсенот е силен инхибитор на некои клучни ензими. Откако ќе влезе во телото, полувремето на распаѓање во крвта му е 10 часа а речиси 90% од елиминацијата од организмот се случува низ бубрезите.

Смртоносната доза на арсен е многу мала, потреби се само 700 mg по kg (со голтање), за лице со 70 килограми или само 53 грама, или само 13 mg/kg ако се вбризга со инекција во телото. Акутно труење со арсен може во рок од 30 минути да предизвика шок и колапс на сите органи. Долготрајната изложеност на мали дози (хронично труење) доведува до еден цел спектар на симптоми од главоболки, проблеми со органите за варење, невролошки испади типично на нозете, оштетување на црниот дроб, коскената срцевина, кардиоваскуларниот систем, белите дробови, органите за размножување и промени на кожата. Освен тоа арсенот е класифициран како карциноген од прва категорија, а кај трудниците може да предизвика абортус и прерано породување. Долготрајната изложеност на арсен во вода е арсеникоза, а симптомите се различни од паѓање на косата, промена на бојата и гангрена и рак на кожата.

Откриено е и дека дури 80 отсто од адаптираните млека за доенчиња содржат арсен, токсин кој Светската здравствена организација го поврзува со низа здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, дијабетес и карцином. Голема количина на арсен се откриени и во производи кои се на база на ориз.

Истражувањето покажало дека детската храна има 70 отсто повеќе акриламид од помфритот, а таа хемикалија се поврзува со оштетувања на мозокот и со репродуктивни проблеми.

Научниците утврдиле и дека 60 отсто од производите кои се со ознака “BPA free” всушност биле позитивни на бисфенол А – индустриска хемикалија која се користи за изработка на пластиката.

 

 

- Реклама -