Безуспешно се трага по изчезнатата аргентинска подморница

Аргентинска подморница исчезна во водите на Атлантскиот Океан, а потрагата по истата сè уште трае. Во подморницата се наоѓаат 44 членови на екипажот.

Бури во јужниот Атлантик ја попречуваа потрагата да се лоцира подморницата. Претходно во можниот реон каде е исчезната од радарите се слушаа звуци, за кои подоцна било констатирано дека се од биолошко потекло, а не порака со Морзеова азбука со кои се бара помош.

Подморницата со која аргентинската морнарица последен пат била во контакт во средата има кислород за уште седум дена. Потрагата ја отежнуваат брановите високи и до осум метри и силните ветришта.

На помош во потрагата по аргентинската подморница веќе пристигнале 11 брода и 10 авиони од Аргентина, Бразил, Чиле, Перу, Јужна Африка, Уругвај, Британија и САД. Подморницата Сан Хуан исчезна пред пет дена кога поради дефект се враќала во матичното пристаниште Мар дел Плата и во големата потрага по неа учествуваат бродови на седум земји.

- Реклама -