Кралицата Елизабета прославува платинеста свадба

Бракот меѓу кралицата Елизабета Втора и принцот Филип е убедливо најдолгиот кралски брак во историјата. Тие прославуваат 70 години од стапувањето во брак.

Церемонијата ќе биде приватна и ќе се одржи во дворецот Виндзор.

Во 1947, принцезата Елизабета се омажила за поморскиот офицер Филип Монтбатен, а само пет години подоцна таа станала кралица.

Принцот Филип исто така има кралско минато, односно едниот негов дедо бил грчки, а другиот дански крал. Роден е на грчкиот остров Крф. Тој бил оној кој на Елизабета ѝ соопштил дека татко ѝ починал, со што таа станува кралица во 1952 година.

Тие се запознале на венчавката на роднини, односно на роднината на принцот Филип, грчката принцеза Марина, со војводата од Кент, кој е вујко на кралицата Елизабета.

- Реклама -