Сепак ќе учествуваме на Евровизија

Македонија и во 2018 ќе испрати свој претставник на Евровизија што ќе се одржи во Лисабон, Португалија.

Претходно беше соопштено дека МРТ е оневозможена да учествува на Евровизија 2018 поради санкција за неизрамнети долгови кон ЕБУ, но по преговорите меѓу МРТ и ПРТ-Португалија, одлучено е нашата земја да биде 43-та учесничка.

Двете полуфинални вечери на натпреварот се закажани на 8 и 10 мај во Лисабон, Португалија, а големото финале ќе се случи на 12 мај.

- Реклама -