Каталонија одбива да го послуша Мадрид

Дури и откако Мадрид ја суспендираше автономијата на Каталонија, оттаму велат дека нема да примаат наредби од централната власт на Шпанија.

Ова соопштение доаѓа од Министерството за надворешни работи на Каталонија. Портпаролот Раул Ромева изјавил дека независноста и власта во Каталонија се избрани демократски и дека полицијата и институциите од регионот треба да бидат послушни.

Исто така, каталонските власти сметаат дека ЕУ, со тоа што го поддржа Мадрид во привременото одземање на автономијата, постапува недемократски и дека кога ќе се осамостојат целосно можеби и нема да бидат дел од Унијата.

- Реклама -