И милијардер може да биде сиромашен, вика листата на Forbes

Она „парата на пара иде“, многу добро се гледа од 36-тата годишна листа на Forbes во која ги класифицира најбогатите 400 Американци. Оваа година, рекорни 169 милијардери останаа надвор од конкуренција.

Меѓу таквите се и главниот оперативен директор на Facebook -Шерил Сенберг, чие богатство се проценува на 1.6 милијарди долари, како и инвеститорот Нелсон Пелц кој, според Forbes, располага со 1.7 милијарди долари. Или ај да одиме вака: оваа година, за се најдеш меѓу 400-те најбогати, мораш да имаш најмалку 2 милијарди долари. За споредба, лани можеше и со 1.7 милијарди.

Слична ситуација има и кога се гледа просечната „тежина“ (во богатство) меѓу најбогатите 400. Оваа година, во просек тежат по 6.7 милијарди долари. Лани просекот бил 6 милијарди.

Вкупното богатство на најбогатите 400 оваа година достигнува 2.7 трилиони долари. Лани беше 2.4 трилиони.

24-та година по ред, листата ја предводи Бил Гејтс.

Целата листа, ТУКА.

Ама ајде малку да си дадеме и надеж, макар веројатно лажна:

• Од 14-те најбогати Американци на возраст под 40 години, 10-тина го имаат заработено богатството сами (земете го ова „сами“ со резерва; и Трамп наводно сам се има збогатено), а четворица го наследиле од тато/мама/баба/дедо.
• Од вкупно 22-цата дебитанти на листата, 14 го стекнале богатството сами (меѓу нив и основачот на Netflix – Рид Хестингс).
• Од 400-те најбогати на листата, 133 го наследиле богатството од семејството. 267 го стекнале сами.

- Реклама -