Лесно се мие

Ајнштајн со право рекол дека човечката глупост е бесконечна. Утешно во целата работа е што денес имаме Интернет за секојдневно да ја сведочиме, и со тоа да ја задоволиме таа чудна човечка љубопитност што и нас можеби би нé натерала да бараме одговор на некои прилично тривијални прашања, како на пример дали гелот со светки стварно лесно се мие, како што пишува на етикетата.

Во случајов ја имаме Леа од Твитер, Американка, која реши да ја тестира вистинитоста на тоа тврдење. Да, на етикетата на гелот прилично јасно пишува дека гелот лесно се раствора во вода и дека лесно се мие од кожа и повеќето видови на материјали. Има само еден проблем, не пишува дека е за на лице. Пишува дека е „poster paint“, за детски колажи, цртежи и слични други украсни проекти.

Ах бе Леа… Горе ја видовте тазе намачкана. Еве ја овде „измиена“. Барем докажа дека не треба да им се верува на етикетите.

- Реклама -