СПОДЕЛЕТЕ

На 9ти Септември Ибица го повикува Скопје во Чилин Бар на настан кој ќе се одржи за прв пат во историјата на македонската денс-хаус сцена.

Станува збор за несекојдневен настан на кој ќе настапуваат три згодни диџејки, предводени од добро познатата Марга Сол, девојката која последниве неколку години ја пали и жари македонската денс-хаус сцена. Марга Сол Рекордс воедно е и ко-организатор на настанот заедно со екипата од Чилин Бар.

Тие заедно ги покануваат феноменалната Мис Луна, долги години диџеј и сопственик на  ibizaliveradio.com и Вера Фернандез – резидент диџеј на Ибица.

Настанот ќе се стримува на фејзбук фан страната на #ibizaliveradio и на официјалниот веб сајт на Радио Ибица, како и на фејзбук фан страната на Чилин Бар – ова е за оние кои оправдано нема да можат да присуствуваат на настанот.

Вие останатите, во сабота (9.9.2017) во Чилин Бар.

 

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ