Голема побарувачка за перики со фризурата на Трамп

СПОДЕЛЕТЕ

Изгледа сите сакаат да се Доналд Трамп на овосезонските карневали во Австрија. Продавниците за перики останаа буквално без залихи, барем од оние перики кои ја имитираа фризурата на американскиот претседател.

Мануела Планк – вработена во продавницата во селото Фафштетен, вели дека сега почнале и обичните русокоси перики да ги модифицираат во перики „а ла Трамп“, сé со цел да одговорат на побарувачката. Фафштетен (јужно од Виена) останал без перики уште викендов, а тешко се наоѓаат и на другите места.

Ќе биде тоа еден голем собир на Трамповци.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ