(Видео) Роналдо го угости најпопуларниот jутјубер во светот: „Се плашиш да не те надминам?“

„Изненадувањето што ќе го сруши интернетот“ кај Кристијано Роналдо беше јутјуберот MrBeast (Џими Доналдсон).„Се сретнав со MrBeast за да го срушиме интернетот“, е името на видеото кое заедно го снимија најпопуларниот фудбалер на денешницата и најпопуларниот јутјубер на денешницата. Многумина предвидуваа дека јутјуберот ќе биде мистериозниот гостин на Роналдо.Пред камерите разговараа на повеќе теми, а MrBeast му даде совет на Роналдо како да го подобри својот канал на Јутјуб, иако можеби навистина нема потреба од таков совет со оглед на тоа што веќе има речиси 70 милиони претплатници.„Дали се плашиш дека ќе те надминам?“, го праша Роналдо.И токму така почна муабетот. Роналдо го праша јутјуберот што мисли за тоа што успеал да собере 60 милиони претплатници за еден месец, додека на MrBeast му биле потребни 13 години за тоа.„Искрено, мислев дека ќе добиеш 20-30 милиони во првиот месец“, рече MrBeast. „Кога дојдовте до 60, реков: О, Боже. Најмногу претплатници, пред тебе, за еден месец беа 20 милиони, а тоа бевме ние“, додаде тој.Нивниот разговор досега е прегледан над 15 милиони пати.Текстот (Видео) Роналдо го угости најпопуларниот jутјубер во светот: „Се плашиш да не те надминам?“ е превземен од МАКФАКС.
Извор