(Фото) “Златна бубамара на популарноста” – ноќ на хумор, музика и признанија

(Фото) “Златна бубамара на популарноста” – ноќ на хумор, музика и признанија

Најпрестижната манифестација на домашната сцена, „Златна бубамара на популарноста“, вечерва го збогатува музичкиот и културниот свет во целосно исполнетата арена „Борис Трајковски“. Ова е 28-мо издание, кое повторно привлекува голем интерес и внимание.

Вечерта, како што е вообичаено, ја отвори главниот човек зад „Бубамара“, Ранко Петровиќ, кој со својот уникатен шарм и препознатлив дух го означи почетокот на спектаклот. По него, сцената му припадна на актерот и комичар Жарко Јовановиќ, кој преку својот стенд-ап настап внесе разиграна енергија и насмевки кај присутните.

Во рамките на признанијата што се доделуваа оваа година, Дарио ја доби наградата „Златна бубамара за трајни вредности“, со што уште еднаш беше потврдена неговата значајна и долгодецениска кариера во музичкиот свет.