ФИФА го зголеми наградниот фонд на Светското првенство за 200 милиони евра

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека наградниот фонд за Светското првенство во 2026 година ќе се искачи на 655 милиони долари (558 милиони евра), што претставува зголемување од 50 проценти во однос на минатото Светско првенство одржано во 2022 година во Катар.

Аргентина, која ја носи титулата светски шампион, ја освои победата против Франција во финалето по изведувањето на пенали три години назад.

Секој тим кој ќе се квалификува за Светското првенство ќе добие 1.5 милиони долари (1.28 милиони евра) за покривање на трошоците за подготовка, што значи дека ФИФА ќе исплати вкупно 727 милиони долари (619 милиони евра) на учесниците во САД, Канада и Мексико.

Распределба на наградите:

Шампион – 50 милиони долари (42,6 милиони евра)
Вицешампион – 33 милиони долари (28 милиони евра)
Трето место – 29 милиони долари (24 милиони евра)
Четврто место – 27 милиони долари (23 милиони евра)
Од 5-то до 8-мо место – 19 милиони долари (16 милиони евра)
Од 9-то до 16-то место – 15 милиони долари (13 милиони евра)
Од 17-то до 32-ро место – 11 милиони долари (9 милиони евра)
Од 33-то до 48-мо место – 9 милиони долари (7 милиони евра)

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, нагласи дека Светското првенство во 2026 година ќе претставува значајна пресвртница за финансискиот придонес во глобалната фудбалска заедница.

Групи на СП:

Група А: Мексико, Јужна Африка, Јужна Кореја, победник од плејофот помеѓу Данска и Македонија, 2. Чешка-Република Ирска

Група Б: Канада, Катар, Швајцарија, победник од плејофот Италија-Северна Ирска, Велс-Босна и Херцеговина

Група Ц: Бразил, Мароко, Шкотска, Хаити

Група Д: САД, Австралија, Парагвај, победник од плејофот Турција-Романија, Словачка-Косово

Група Е: Германија, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор, Курасао

Група Ф: Холандија, Јапонија, Тунис, победник од плејофот Украина-Шведска, Полска-Албанија

Група Г: Белгија, Иран, Египет, Нов Зеланд

Група Х: Шпанија, Уругвај, Саудиска Арабија, Зеленортски острови

Група И: Франција, Сенегал, Норвешка, победник од плејофот Ирак-Боливија/Суринам

Група Ј: Аргентина, Австрија, Алжир, Јордан

Група К: Португалија, Колумбија, Узбекистан, победник од плејофот ДР Конго-Нова Каледонија/Јамајка

Група Л: Англија, Хрватска, Панама, Гана.

Фото/ Depositphotos