Денешното време – наутро променливо облачно и студено,а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието, каде што на одредени места брзината може да надмине 60 km/h. Утринските температури ќе се движат од -8 до 0 степени, додека дневните ќе достигнат вредности меѓу 0 и 8 степени.
Во Скопје наутро ќе преовладува претежно облачно време, но како што ќе одминува денот, облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува умерен северен ветер, кој во одредени делови од котлината повремено ќе засилува. Најниската температура ќе биде околу -3 степени, додека највисоката ќе достигне до 6 степени.
Според прогнозите на УХМР, во наредните денови не очекува стабилно, но студено време, со утрински температури што ќе бидат под нулата насекаде низ земјата, а на определени места ќе се спуштат и под -10 степени.