Според информациите од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, гостите изразија цврста поддршка за напорите на АЛДЕ за деблокирање на македонскиот пат кон европската интеграција. Тие исто така нагласија потребата за брзо и целосно вклучување на Западен Балкан во Европската унија, што бара креативни решенија во тековната тешка геополитичка ситуација.
Претседателката, во согласност со принципите и вредностите содржани во европските конститутивни акти, сподели свои предлози и погледи за решавање на блокадата.
Гостите не само што покажаа интерес, туку и спремност да помогнат во надминување на неодржливата состојба во која се наоѓаме, преку иницирање можни решенија во рамките на Европскиот парламент.
Претседателката го пофали конструктивниот пристап на АЛДЕ, во духот на европските демократски принципи и вредности.
На средбата присуствуваа значајни европски политичари, вклучително и Свења Хан, претседателка на АЛДЕ и германска европратеничка, Рик Дамс, потпретседател на АЛДЕ и поранешен претседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Весна Пусиќ, прва претседателка на Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (ЛИБСЕН) и поранешна вицепремиерка, како и Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија и Емил Кирјас, потпретседател на Либералната интернационала.




