„Сејф Сити“ да санкционира фрлање отпад преку прозорец, бараат над 1.000 граѓани преку онлајн петиција

Неформалната граѓанска група „За почиста Македонија“ извести дека повеќе од 1.000 граѓани ја поддржале петицијата за унапредување на системот „Сејф Сити“, со воведување казни за фрлање отпад на јавни површини. Иницијаторите соопштуваат дека петицијата била лично предадена на Владата на Република Северна Македонија, како и на Министерството за внатрешни работи.

Според нив, поддршката од граѓаните испраќа силна порака дека има широка согласност за поодлучна борба против загадувањето и неодговорното однесување во јавниот простор. Тие истакнуваат дека системот „Сејф Сити“ може значително да придонесе не само за подобрување на сообраќајната безбедност, туку и за заштита на животната средина, особено ако се користи за санкционирање на фрлањето отпад.

Прочитајте и:  Градот преговара за Мареска, ќе треба да му исплати отштета на Челси.

Групата „За почиста Македонија“ најавува дека ќе продолжи да го следи одговорот на институциите и се надева дека нивните барања ќе бидат свртени со сериозност.