Седум години без Димитар Чемков-Циме, легенда на македонското музичко новинарство и дел од култните „Бисери“ и „Бис Без“.

Димитар Чемков, попознат како Циме, е роден на 2 февруари 1942 година во Скопје. Тој беше значајна фигура во македонската рок-музика, композитор и доајен на музичкото новинарство во Македонија. Бил активен член на двете најпознати рок групи од 60-те години, „Бисери“ и „Бис Без“.

Работел како музички новинар и уредник цели 37 години во редакцијата на Македонско Радио – Радио Скопје, каде што водел бројни познати емисии, вклучувајќи „Поп албум“, „Поп контакт“ и „Најдоброто од…“. Освен тоа, Циме бил и во улога на музички критичар, рецензент и коментатор за многу значајни настани и фестивали, како што се Скопскиот забавен фестивал, изборот за песна на Евровизија, Макфест, еврофест и Скопскиот џез фестивал, како и други значајни догаѓања.

Тој е автор на околу седумдесет забавни и новосоздадени фолклорни композиции и смета за еден од основоположниците на македонската рок-музика. Бил дел од групата „Спектар“, а исто така и на „Бисери“ и „Бис Без“. Групата „Бис Без“ често се споредувала со Битлси, Јардбрдс и Лед Цепели, и тие биле познати по своите гитаристи – Длака, Коце и Циме, кои ги имитирале легендарните Ерик Клептон, Џеф Бек и Џими Пејџ.

Димитар Чемков почина на 8 февруари 2019 година во Скопје.