По елиминацијата на Аталанта од Клуб Бриж во борбата за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, на виделина излезе тензијата што постои помеѓу тренерот Џан Пјеро Гасперини и напаѓачот Адемола Лукман. Овој судир брзо стана главна тема во италијанските спортски медиуми.
Гасперини не ја криеше својата разочараност, остро критикувајќи го нигерискиот фудбалер за нереализираниот пенал во 61. минута од натпреварот во Бергамо. Според него, Лукман бил најлошиот изведувач на пенали што некогаш го видел. Од друга страна, Лукман не остана нем, туку веќе следниот ден одговори преку објава на социјалните мрежи.
Како што пренесуваат медиумите од Бергамо, управата на Аталанта не сака да дозволи дополнителни тензии во екипата.Денеска е закажан разговор во спортскиот центар во Зингонија, каде ќе се обидат да го смират конфликтот меѓу Гасперини и Лукман, со надеж дека тимот ќе се фокусира на претстојниот првенствен натпревар против Емполи.