Една од најдолготрајните анимирани серии на телевизија ги изненади гледачите ширум планетата – Марџ Симпсон почина!
Во последната епизода од 36-та сезона на популарниот цртан филм „Симпсонови“, под наслов „Stranger Things“, се прикажува иднината на семејството Симпсон, каде што мајката не е повеќе меѓу живите.
Епизодата особено се фокусира на односиме помеѓу Барт и Лиза, кои, по завршувањето на нивната омилена серија „Itchy & Scratchy“, се оддалечуваат. Во обид да го предупреди семејството, Марџ оставила емотивна видео порака, во која ги поттикнува децата да се поддржуваат.
Триесет и пет години подоцна, Лиза е комесар на НБА, додека Барт нелегално управува со дом за стари лица, каде што живее нивниот опечален татко Хомер. На погребот на Марџ, Хомер со солзи во очите стои покрај нејзиниот гроб, опкружен со семејството.
Кога социјалните служби се обидуваат да го однесат Хомер во дом за стари лица во Флорида, Лиза наоѓа старо видео од Марџ, во кое им советува на децата секогаш да бидат еден за друг. Инспирирани од нејзините зборови, Барт и Лиза се помируваат и му помагаат на Хомер. На крајот, целото семејство се собира повторно дома и гледаат реемисија на „Itchy & Scratchy“.
Од небото, Марџ внимателно ги следи своите деца и вели:
– Многу сум среќна што моите деца повторно се блиску едно до друго.
Во тој момент се појавува Ринго Стар, кој ѝ вели:
– Љубов моја, ќе задоцниме на небесниот бифе. Имаат кула од ракчиња.
На тоа, Марџ му одговара:
– Добро, Ринго. Многу ми е драго што во небото можеме да се ожениме со различни луѓе – а потоа да ги бакнеме.
Епизодата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи:
– Не сум гледал Симпсонови повеќе од 10 години, а навистина ја убија Марџ?! – напиша еден шокиран обожавател на платформата X.
– Зошто и Марџ и Ринго се мртви? – прашува друг корисник.
Еден обожавател се изрази: „Што е ова, ја убиле Марџ Симпсон?“
Иако се работи за хипотетичка иднина, смртта на Марџ Симпсон во оваа анимирана класика, која трае повеќе од три децении, длабоко ги потресе фановите ширум светот.




