Шкендија се подготвува за Лигата на шампионите
Пласманот во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите за македонскиот првак Шкендија значи нови потфати и предизвици. Клубот од Тетово одлучи првиот натпревар, кој ќе се одржи на Националната Арена во Скопје, да се игра на 5-ти август (вторник) со почеток во 20 часот.
Тетовчани остануваат конзистентни, истовремено играјќи и за претходните два натпревари во истиот термин (20 часот) против ТНС од Велс и ФЦСБ од Романија.
Реванш дуелот е закажан за 12-ти август во Баку, со почеток во 18 часот.




