Онлајн-состанок на министерот Алиу со странските експерти за спорните кардиохируршки интервенции

Онлајн состанок на министерот Алиу со странските експерти за кардиохируршките интервенции

Националното министерство за здравство, под водство на министерот Азир Алиу, организираше онлајн состанок со странски експерти. Министерот ги информираше присутните за текот на постапките, начинот на собирање и стандардизација на документацијата за пациентите, како и целта на двостепената стручна проверка.

„Свикани сме за да воспоставиме факти основани на медицина базирана на докази. Очекувам дека независните експерти ќе дадат стручен увид во можни пропусти во постапките што ги истакнала интерната комисија. Нивната анализа ќе помогне во идентификација на системски слабости. Наодите кои ќе бидат добиени treba да го зајакнат здравствениот систем. Доколку се утврди потреба, ќе разгледаме можни измени во правната регулатива. Целта е зголемување на ефективноста на системот, враќање на довербата на граѓаните и усогласување со европските стандарди“, изјави министерот Алиу.

Прочитајте и:  САД можеби ќе ја посетат Куба по решавањето на ситуацијата со Иран, изјави Трамп.

Според соопштението, на состанокот е усогласена методологија за работа која ќе ја следат странските експерти при втората стручна анализа.

Министерството потсети дека странската експертска група се состои од тројца врвни професионалци: д-р Уголино Ливи, кардиохирург од Италија, д-р Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург од Словенија, и д-р Черчек Миха, интервентен кардиолог од Словенија.

„Нивната улога е да дополнат медицинската експертска тежина и да обезбедат меѓународно споредливи стандарди во анализа на случаите со извршени операции или непотребни упати за операција“, се вели во соопштението.