Ако СДС беше свесен за својата одговорност во воденето на економската политика, немаше да остави економска пустош за време на седумгодишното владеење. Граѓаните, од кои над половина милион преживуваат со 150 денари на ден, се жртви на ситуацијата, а државата е доведена до ифлас, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во одговор на изјавите на СДСМ.
Кога оваа партија говори за субвенции за електрична енергија, треба да се нагласи дека само повисоките сметки за струја се единствената субвенција што граѓаните ја почувствуваат, како резултат на пропаднувањето на енергетскиот сектор. Во меѓувреме, кланот Заеви, заедно со Венко Филипче, продолжуваше да се обогатува.
Неделава се појавија информации дека во време на енергетска криза, од тендерот за набавка на јаглен за потребите на Електрани на Северна Македонија, околу девет милиони евра завршиле на сметка на фирмата на Заев во Бугарија. Филипче, од компанијата која го добила тендерот, добил луксузен џип Ауди на лизинг.
Тоа е сè што може да се каже за економските политики на СДС. Кога менуваат темата, единствено размислуваат за финансиската корист на својата партиска елита предводена од Филипче и неговиот советник, Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ е фокусирано на тоа да работи во интерес на граѓаните и државата. За помалку од една година, нашата влада успеа да го запре слободниот пад на економијата, која сега бележи раст од три последователни квартали со над 3%.
Според податоците од Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од годинава, бруто домашниот производ (БДП) забележа раст од 3,4%. Овој раст се одразува во сите сектори, вклучувајќи угостителството и градежништвото со 7,1% зголемување, информациите и комуникациите со 3,6%, како и преработувачката индустрија со 3,7%.
Но, ова не е крајната цел. Тоа е солидна основа за реализација на проектираниот раст на БДП од 3,7% оваа година, со очекување за поголем раст во наредните години, надминувајќи 4%.
Овој раст ќе доведе до понатамошен развој на економијата и подобрување на животниот стандард за сите граѓани на Македонија.
Оваа стратегија е вистинскиот и одржлив начин за развој на економијата и зголемување на платите. Времето на импровизирани економски политики заврши со заминувањето на СДС во длабока опозиција, се заклучува во реакцијата на владејачката партија.




