Никогаш не прифаќајте подароци од овие луѓе…
Според познавачите на фенг шуи, важно е да бидеме внимателни со предметите кои ги внесуваме во нашиот дом, особено кога ги добиваме како подарок од одредени лица. Верувањето вели дека секој предмет носи со себе одредена енергија,а со тоа и нејзино влијание врз нашиот животен простор.
Се смета дека најнеповолното нешто што може да го внесете во домот е подарок од личност која е исполнета со завист и лоши намери. Овие предмети, според народните верувања, можат многу брзо да предизвикаат конфликти во семејството, како и непожелни последици како болести или дури и прекинување на брачните односи. Вообичаено, токму оние кои не ви мислат добро, а сепак се преправаат дека се среќни за вашите успеси и среќа, се први што ќе ви донесат дар. Нивната негативна енергија лесно се впива во предметот, а штом се најде во вашиот дом, почнува да влијае на вашата хармонија.
Како да препознаете дека еден подарок носи негативна енергија? Ако во моментот на добивање подарок чувствувате нелагодност или подоцна секој негов поглед ви буди чудно чувство, не двоумете се – ослободете се од него.Нека не ви падне на ум да го оставите во некој агол, подрум или таван, туку најдобро е веднаш да го отстраните од вашето опкружување. Некои дури веруваат дека ваквите предмети најдобро е да бидат изгорени за целосно да се неутрализира нивното негативно влијание. Во секој случај, доверете ѝ се на вашата интуиција – таа најдобро може да ве води во вакви ситуации.




