Направена првата батерија од печурки

Швајцарските научници денеска објавија дека измислиле батерија од печурки која може да напојува сензори во оддалечените региони на земјата.

Научниците од Швајцарската федерална лабораторија за наука и технологија за материјали (Емпа) соопштија дека станува збор за биоразградлива батерија која користи метаболизам на два различни типа на габи за производство на електрична енергија.

Како што е наведено, механизмот работи на тој начин што квасната габа се храни со шеќер и произведува електрони на анодата, негативниот пол на клетката, а од другата страна на клетката, друга габа произведува ензим кој заробува електрони и ги отстранува од ќелијата.

Батеријата е произведена со помош на 3D печатач, а ќелиите од печурки се мешаат во мастило за печатење.

Ако батеријата е сува, таа не произведува струја, а се активира со додавање вода и хранливи материи.

Научниците велат дека целта е да се направи батеријата со печурки поефикасна и издржлива, а продолжуваат со потрагата по други видови печурки кои исто така се погодни за снабдување со електрична енергија.

- Реклама -