Муцунски: Компромисите мора да бидат во склад со реалноста и европските вредности

Муцунски: Компромисите мора да бидат во склад со реалноста и европските вредности

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изјави дека секој компромис мора да биде направен во согласност со реалноста во која живееме и со европските вредности на кои се повикува Европската Унија.

Тој нагласи дека доколку Европа навистина инсистира на почитување на европските вредности, тогаш Македонија има право да ги брани позициите на Македонците во Бугарија како дел од тој процес.

„Ако Европа ни зборува за европски вредности, тогаш и ние мора доследно да ги штитиме правата на Македонците во Бугарија,“ истакна Муцунски во својата објава.

Во моментов, оваа тема е особено актуелна, бидејќи прашањето за правата на Македонците во Бугарија повторно е во фокусот на јавноста по последните дипломатски случувања и реакциите од страна на официјална Софија.