Мусиала би можел да се врати порано од планираното

Добри вести за обожавателите на Баерн Минхен. Џамал Мусиала би можел да се врати на фудбалските терени до крајот на 2025 година.

Еден од најдобрите играчи на клубот, Мусиала, претрпе сериозна повреда на ногата за време на Светското клупско првенство, кога дојде до судир со голманот на ПСЖ, Донарума. И покрај иницијалната прогноза која звучеше неохрабрувачки, неговото закрепнување напредува многу подобро од очекуваното.

„Мусиала сè уште е на патерици, но процесот на опоравување е многу охрабрувачки“, изјави Макс Еберл, раководителот на Баерн Минхен.

Тој додаде дека и опоравувањето на Алфонс Дејвис се одвива во позитивна насока, така што и тој би можел да се врати на теренот најдоцна до јануари 2026 година.

Прочитајте и:  Селекторот Дешан се раздели со Француската репрезентација: Требаше да започнам поразлично.