Денеска, во раните утрински часови, во Секторот за внатрешни работи Охрид, беше пријавено дека на пешачка патека во Охрид, Љ.С. (47) од село Коњско, управувајќи мотоцикл „Јамаха“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал.
Во овој инцидент, 45-годишната сопатничка Б.С. од село Коњско се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот Љ.С. претрпел полесни повреди, кои беа утврдени во Специјалната болница “Свети Еразмо” во Охрид.
Увид во случајот извршија служители од СВР Охрид.




