Играчите на Милан и Фејенорд приредија вистинско шоу на „Сан Сиро“ во реванш дуелот од шеснаестина финалето во Лигата на шампионите, но возбудувањата не завршија само на теренот – вистински спектакл се одвиваше и во студиото на TNT Sport во вторникот навечер.
Сепак, вниманието на публиката не беше целосно насочено кон фудбалот, бидејќи емисијата ја водеше личност која не можеше да остане незабележана.
Станува збор за атрактивната мексиканска водителка Мирослава Монтемајор, која своевремено беше прогласена за убавица на својата земја и од 2014 година активно е дел од новинарскиот свет. Својата кариера ја започна во TV Azteca Норесте,каде известуваше од престижни спортски настани како Про Бол 2015 и Супер Бол. Во декември 2015 година ја напушти оваа телевизиска куќа и се приклучи на ESPN, каде стана презентерка на шпанската верзија на емисијата „NFL Live“.
Несомнено,со своето впечатливо појавување и заводлива комбинација,таа го привлече целосното внимание на гледачите пред малите екрани,оставајќи го фудбалот во втор план.