Машката одбојкарска репрезентација на Македонија попладнево во Братислава претрпе пораз од Финска со резултат 0:3 (20:25, 15:25 и 19:25) во својот прв натпревар од ЦЕВ Европската Златна лига за оваа година.
Со денешната победа, Финците продолжуваат со успешната серија во меѓусебните дуели.
Капитенот Никола Ѓорѓиев заврши натпреварот со 12 поени, додека Александар Љафтов освои еден поен помалку. Филип Савовски придонесе со седум, а Илиев постигна пет поени.
Македонската репрезентација утре ќе се обиде да ја оствари својата прва победа во ЦЕВ Европската Златна лига, кога во 15 часот во арената „Гопас“ во Братислава ќе се соочи со домашниот тим на Словачка, која исто така во петокот загуби од Финска со 3:0.