Ливерпул и Баер Леверкузен се договорија за Флоријан Вирц

Германскиот фудбалер Флоријан Вирц, кој моментално игра за Баер Леверкузен, наскоро ќе се приклучи на Ливерпул, објави денеска Би-Би-Си.

Ливерпул наводно прифатил да плати фиксна сума од 117,5 милиони евра за трансферот, плус потенцијален бонус од 19 милиони евра, доколку се исполнат специфични услови.

Ако бонусите бидат активирани, овој трансфер ќе стане најскапиот во историјата на Премиер лигата.