Кој ќе учествува на „руската Евровизија“? Промовира традиција, забранети ЛГБТ+ и политички теми 

„Интервизија“ годинава ќе се одржи во Москва, а се очекува да учествуваат земји како Кина, Куба, Индија, Бразил, Латинска Америка, како и поранешните советски републики како Казахстан, Азербејџан и Белорусија. 

 Во организацијата на натпреварот се вклучени високи функционери, а Путин побара од Кремљ и владините претставници да се подготват за настанот. Според документите до кои дојде Ројтерс, на Интервизијата ќе учествуваат сите заинтересирани, но ќе се стави акцент на почитување на традиционалните, универзалните, духовните и семејните вредности. Натпреварувачите нема да можат да изведуваат песни кои повикуваат на насилство или содржат политички теми. Дополнително, Русија донесе строги закони со кои се забранува какво било промовирање на хомосексуалноста, а движењето ЛГБТК+ во земјата се смета за екстремистичка организација. Администрацијата на Путин се обидува да ја прикаже Русија како бранител на традиционалните семејни вредности, спротивставувајќи се, како што тврди, на прекумерниот индивидуализам и губењето на почитта кон религиозните традиции кои западната култура ги прифатила.

Во овој контекст, Интервизијата би требало да биде контраст на Евровизија, која често вклучува ЛГБТ+ теми, според Barrons.com. Според информациите од плановите на организацијата, изведувачите ќе имаат четири минути да ги изведат своите песни, а победникот ќе добие парична награда и можност да оди на турнеја. Интервизиите беа популарни за време на Советскиот Сојуз, кога учествуваа земјите од источниот блок, а во постсоветскиот период, Русија неколку пати се обиде да го оживее, вклучително и плановите во 2014 година кои не се реализираа. Интересно, Русија учествуваше на Евровизија од 1994 до 2021 година, а победи во 2008 година со Дима Билан и песната „Верувај“. Патем, Русија првпат се натпреваруваше на Евровизија во 1994 година, само неколку години по распадот на Советскиот Сојуз.

Минатата година, претставникот на Путин за меѓународна културна соработка, Михаил Швидкој, изјави дека натпреварот ќе се одржи во септември 2025 година и дека „речиси 20 земји“ се подготвени да учествуваат, вклучувајќи и членки на БРИКС, како и членки на Заедницата на независни држави, во која спаѓаат и поранешните земји на СССР блиски до Москва.

Датумот се уште не е објавен, но шпекулациите се дека таа ќе се одржи во септември 2025 година.

Оваа одлука доаѓа после две години откако Русија, поради воената инвазија во Украина, беше исфрлена од натпреварувањето на Евровизија. Инаку натпреварот „Интервизија“ постоеше и за време на Советскиот Сојуз, кога се претставуваше како алтернатива на „Евросонг“.  

Натпреварот кој првпат се одржа во 1960 година во Полска и тогашна Чехословачка, вклучуваше и натпреварувачи од неевропски земји, вклучувајќи ги и комунистичките сојузници на Москва, како Куба, беше одговор на Евровизија.

Финска, која се обидуваше да одржи неутралност за време на Студената војна, беше една од ретките земји што учествуваше и на Евровизија и на Интервизија, со своите изведувачи во двете конкуренции.