Кој беше братот на Диого Жота? Двајцата играа заедно во Порто.

Фудбалскиот свет денеска беше шокиран од ужасната трагедија во која загина фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, заедно со неговиот брат Андре, во сообраќајна несреќа.

Според информации од шпанските медиуми, Жота загинал откако неговиот автомобил излетал од патот.

И Андре, слично на Диого, бил професионален фудбалер и важел за голема надеж на португалскиот фудбал. Додека имаше само 25 години, последните денови од животот ги помина како дел од второлигашот Пенафиел. Бил дел од Порто во својата младост, но не успеал да постигне кариера слична на таа на својот постар брат.

Андре настапувал и за Гондомар, а во Пенафиел пристигна во 2023 година, со договор до 2026 година.

Во младинските категории на Порто, Диого и Андре беа соиграчи, но Диого постигна значително поголем напредок, станувајќи дел од репрезентацијата на Португалија, за која одиграл 49 натпревари и постигнал 14 гола.