Кина најави контрамерки во одговор на планираните американски царини.

Кина јасно порача дека ќе реагира со „контрамерки“ ако САД продолжат да ги зголемуваат царините. Оваа изјава доаѓа како реакција на, како што оценуваат, „измислени медиумски извештаи“ за наводна воена поддршка на Иран од нивна страна. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи нагласи дека обвиненијата за испорака на воена опрема се целосно неосновани и не кореспондираат со реалноста.

„Написите во медиумите кои ја обвинуваат Кина за воена поддршка на Иран се сосема без основа“, истакнаа од Пекинг. Тие додаваат дека ако САД продолжат со воведување на нови царини врз основа на вакви тврдења, Кина ќе преземе соодветни мерки.

Кинеските власти ја подвлекуваат важноста на внимателното и одговорно управување со извозот на воена опрема и информираат дека строги контроли се спроведуваат во согласност со националните закони и меѓународните обврски.

Прочитајте и:  Германија ќе обезбеди средства за воени тренинг центри во Украина.